ПЗУ Чипидент

ПЗУ Чипидент Повеќе од 20 години ги создаваме најубавите насмевки. Дојдете и уверете се зошто сме најдобри 🦷

✨ Комплетна рехабилитација со металокерамички мостови во горна и долна вилица.Со прецизно планирање и изработка, постигн...
01/07/2026

✨ Комплетна рехабилитација со металокерамички мостови во горна и долна вилица.

Со прецизно планирање и изработка, постигнавме стабилна функција, природна естетика и враќање на самодовербата на пациентот. 🦷

Голем кариес под коронка стара повеќе од 8 години.Пациентот дојде на редовен преглед без симптоми, но по отстранување на...
22/05/2026

Голем кариес под коронка стара повеќе од 8 години.

Пациентот дојде на редовен преглед без симптоми, но по отстранување на старата коронка беше откриен голем кариес кој напредувал незабележливо со години и довел до некроза на забот.

Третманот вклучуваше:
✔️ целосно отстранување на кариесот
✔️ ендодонтска терапија
✔️ поставување фибро колче за зајакнување на забот
✔️ изработка на привремена коронка

Следува дефинитивна протетска реставрација на забот, а во понатамошната фаза и дополнителна рехабилитација во постериорната регија, со цел целосно враќање на функцијата, стабилноста на забите и правилниот загриз. 🦷

Ваквите случаи покажуваат колку се важни редовните контроли, бидејќи сериозни проблеми можат да постојат и без болка или симптоми. 🙌

Кога забот е сериозно оштетен од кариес или стара реставрација, не секогаш е неопходно негово вадење. Со внимателно спро...
30/04/2026

Кога забот е сериозно оштетен од кариес или стара реставрација, не секогаш е неопходно негово вадење. Со внимателно спроведен ендодонтски третман, ласерска корекција на гингивата, поставување на фибро колче со висока еластичност и биокомпатибилност, изолација со кофердам за максимална стерилност и изработка на привремена коронка, забот може да се стабилизира и функционално да се обнови.

Оваа терапија овозможува зачувување на природниот заб и подготовка за конечна протетска реставрација 🦷

Клинички случај на композитен бондинг ✨Извршена е корекција на формата и бојата на фронталните заби кај пациентот, со из...
07/04/2026

Клинички случај на композитен бондинг ✨

Извршена е корекција на формата и бојата на фронталните заби кај пациентот, со изработка на бондинг на предните 6 заби во горната вилица.

Бондингот е безболна и неинвазивна процедура, што значи дека природната структура на забите останува зачувана, без нивно оштетување.

Користени се висококвалитетни фотокомпозити GC G-Aenial A’Chord, за природен изглед и долготрајни резултати. 🦷

Клинички случај: фрактуриран горен премолар со длабок кариес. 🦷По желба на пациентот да се направи обид за зачувување на...
02/04/2026

Клинички случај: фрактуриран горен премолар со длабок кариес. 🦷

По желба на пациентот да се направи обид за зачувување на забот, беше спроведен следниот третман: ласерска обработка на гингивата, темелно отстранување на кариесот и предендодонтско надоградување.

Потоа беше извршена ендодонтска терапија со обработка и полнење на коренските канали, по што следеше надградба со фибер-колче и композит.

Изработена е привремена коронка, следува период на внимателно набљудување.

Клинички случај на апроксимален и оклузален кариес 🦷По внимателно оформување на кавитетот, изработена е фотополимерна об...
31/03/2026

Клинички случај на апроксимален и оклузален кариес 🦷

По внимателно оформување на кавитетот, изработена е фотополимерна обтурација со целосно воспоставување на природната анатомска форма на забот.

Користени се фотокомпозити Ivoclar Evetric, во комбинација со матричен систем Palodent Sirona.

Прецизност, естетика и долготрајност – клучни фактори за успешен резултат. ✨

Клинички случај на оклузален кариес. По отстранување на кариозно изменетата забна структура, беше достигнат тврд, пигмен...
25/03/2026

Клинички случај на оклузален кариес. По отстранување на кариозно изменетата забна структура, беше достигнат тврд, пигментиран дентин, кој беше зачуван согласно принципите на минимално инвазивна терапија. Со внимателно анатомско моделирање беше воспоставена правилна оклузална морфологија, од суштинско значење за функционална стабилност. Реставрацијата е изработена со фотокомпозитен материјал Ivoclar Evetric.

Чистењето на забен камен и пигменти е важен дел од одржувањето на оралното здравје. Со текот на времето на забите се нас...
14/03/2026

Чистењето на забен камен и пигменти е важен дел од одржувањето на оралното здравје. Со текот на времето на забите се насобираат наслаги и забен камен кои не можат да се отстранат само со четкање. Со професионално чистење се отстрануваат овие наслаги, како и пигментите од кафе, чај, цигари и храна. Постапката е брза, безбедна и помага да се спречат воспаленија на непцата, кариес и непријатен здив. 🦷

Дали се прашувате што е и зошто толку долго трае едно кореново лекување? Внатре во забот се наоѓаат многу тенки и често ...
12/03/2026

Дали се прашувате што е и зошто толку долго трае едно кореново лекување? Внатре во забот се наоѓаат многу тенки и често комплексни канали.
За време на третманот, инфицираното ткиво внимателно се отстранува, каналите се чистат дезинфицираат и се затвораат за да се спречи повторна инфекција.
Затоа кореновото лекување бара време, прецизност и трпение. На крајот, нема подобро од тоа да си гo зачувате вашиот природен заб. 🦷

Професионално белење на заби. Брзо, ефикасно и безбедно 🦷
04/11/2025

Професионално белење на заби. Брзо, ефикасно и безбедно 🦷

Address

Улица Наум Наумовски Борче бр. 3
Vinica
2310

Opening Hours

Monday 08:00 - 13:00
16:00 - 19:00
Tuesday 08:00 - 13:00
16:00 - 19:00
Wednesday 08:00 - 13:00
16:00 - 19:00
Thursday 08:00 - 13:00
16:00 - 19:00
Friday 08:00 - 13:00
16:00 - 19:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Чипидент posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share