19/06/2018
Додека ставањето на храна во нашите усти претставува обична секојдневна рутина, не обезбедувањето на добра орална хигиена ќе резултира со промени. Проблемот се јавува како последица на избегнувањето на оралната хигиена, кое често може да биде катастрофално по вашето здравје, па дури и вашиот социјален живот.
Кога бактериите од усната празнина се мешаат со шеќер од храната што ја јадеме, се произведува киселина која ги оштетува забите и непцата. Комбинацијата на бактерии и киселина е главниот виновник за појаваа на забен кариес. Оставајќи бактерии во вашата уста, исто така, може да резултира со болести на непцата, како што е гингивитот (воспаление на непцата), кое доколку се остави несанирано и се дозволи бактерите неконтролирано да се размножуваат може да предизвика и други заболувања каде би биле зафатени и други органи и органски системи.
Ако гингивитот и кариесот не се лекуваат, вашите непца и заби ке еродираат, формирајќи простори во вашата уста каде бактериите можат слободно да се размножуваат , што дополнително ги оштетуваважните ткива кои се потребни за поддршка на вашите заби, што може да резултира со губење на самиот заб.