10/04/2025
Бруксизам е медицински термин што подразбира чкрипање и стругање на забите во текот на денот или ноќта за време на спиење. Јачината на силите кои настануваат во текот на бруксизмот се многу појаки од обичното џвакање, затоа пациентите кои страдаат од бруксизам имаат последици на забите, потпорните структури на забите и виличните зглобови.
🔹️ Причини за бруксизам:
1. Емоционален стрес
2. Замор
3. Нервози
4. Психолошки проблеми
5. Медицински проблеми
6. Луѓе кои консумираат голема количина на алкохол, кофеин и никотин
🔹️ Кои се симптомите?
Најчести симптоми:
• Преосетливи заби на дразба (топло-ладно, кисело – благо)
• Болка во виличните згобови во утринските часови
• Болка и нелагосност при џвакање
• Предните заби се потенки и транспаретни
• Сите заби се во линија (изгубена е морфологијата на забите)
• Кршење на пломби и порцелански коронки
• Болки во мускулите на вратот и главата кои резултираат со хронични главоболки
Доколку бруксизмот не се третира на време, трошењето на забите доведува до целосно губење на загризот и промена на физиономија на лицето.
🔹️ Терапија за бруксизам
Терапија за бруксизмот е главно симптоматска за да се намали стресот кој е главен причинител за бруксизмот. Во нашата ординација се изработуваат СИЛИКОНСКА ЗАШТИТА ЗА ЗАБИ (НОЌНИ ШТИТНИЦИ, NIGHT GUARD)кои имаат за цел да го намалат оштетувањето на забите и да ја намалат болката во мускулите и зглобовите. Се зема отисок од забите на пациентот и се изработуваат индивидуални штитници кои се носат во текот на спиењето.