ПЗУ Затуроски Протетика

ПЗУ Затуроски Протетика ПЗУ ЗАТУРОСКИ ПРОТЕТИКА е специјалистичка стоматолошка ординација по стоматолошка протетика.

28/08/2025
Комбинација од преден порцелански мост и протеза со копчиња.
26/03/2025

Комбинација од преден порцелански мост и протеза со копчиња.

Пациентот имаше само 4 преостанати заби во горната вилица.Преку тие 4 заби се изработи мост од порцелан со метална основ...
22/11/2023

Пациентот имаше само 4 преостанати заби во горната вилица.
Преку тие 4 заби се изработи мост од порцелан со метална основа, на кој мост на крајот имаше едно копче (пречка) на кое се прицврстува специјалната протеза.
Ова протеза најдобро ги задоволува естетските, стабилизационите и функционалните барања на пациентот.
Како што бараат многу пациенти да не им се гледаат жички, кукички или народно кажано “телчиња”, ваквата комбинација на изработки е идеална за задоволување на нивните барања.

Млад пациент на кој му беа преостанати само 5 заби во горната вилица. Тој долги години носеше подвижна протеза (“вилица”...
08/09/2023

Млад пациент на кој му беа преостанати само 5 заби во горната вилица. Тој долги години носеше подвижна протеза (“вилица”) за да ги надомести останатите заби.
Решивме пациентот да се ослободи од вилицата и изработивме циркуларен мост од метал- керамички (порцелански) заби.

25/07/2023

Обезбедување услови за минимален вакумски ефект за долна комплетна протеза (“вилица”).
Ретко се успева да се изработи стабилна долна протеза, но стоматологот секогаш треба да го даде својот максимум за оптимални резултати.

Изработка на поединечна коронка од порцелан кај 70 годишен пациент.На пациентот му беше задоволено барањето да се добие ...
01/07/2023

Изработка на поединечна коронка од порцелан кај 70 годишен пациент.
На пациентот му беше задоволено барањето да се добие заб кој ќе наликува на преостанатите негови природни заби, без да се знае дека е вештачки.

Почнуваме со изработка на протетско помагало (“вилица”) во соработка со Фонд за здравствено осигурување. Со ова на секој...
17/06/2023

Почнуваме со изработка на протетско помагало (“вилица”) во соработка со Фонд за здравствено осигурување. Со ова на секоја индивидуа која бара поекономично решение може да му се реши проблемот што го има со недостаток на повеќе или сите заби во едната или двете вилици.
За подетални информации слободно закажете преглед на 072 278 150.

Со големо задоволство објавуваме дека од денес ПЗУ ЗАТУРОСКИ ПРОТЕТИКА, под водство на Д-р. Спец. Горан Затуроски, започ...
16/06/2023

Со големо задоволство објавуваме дека од денес ПЗУ ЗАТУРОСКИ ПРОТЕТИКА, под водство на Д-р. Спец. Горан Затуроски, започнува со изработка на протези (вилици) по фондовски (евтини) цени во соработка со Фонд за здравствено осигурување.

Закажете го Вашиот термин на следниот телефонски број: 072 278 150

Ве очекуваме!

Локација: с. Враништа, Струга

Третман на горните 4 секачи. Пациентката имаше желба да се реставрираат овие заби поради големите композитни пломби кои ...
27/08/2022

Третман на горните 4 секачи. Пациентката имаше желба да се реставрираат овие заби поради големите композитни пломби кои беа со променета боја и поради истрошеноста на некои површини на забите.
Изработени се четири поединечни коронки од порцелан со метална основа.

Пациентот дојде кај нас со барање да се третираат само четирите горни инцизиви (сите останати заби во горната вилица се ...
25/08/2022

Пациентот дојде кај нас со барање да се третираат само четирите горни инцизиви (сите останати заби во горната вилица се покриени со постари мостови и коронки, кои пациентот не сакаше да ги отстрани во моментот).
Изработивме четири порцелански (керамички) коронки со метална основа.

Одлично решение за секој кој сака да ги избегни класичните протези со кукички и жички (кои се доста нестабилни и со нару...
01/08/2022

Одлично решение за секој кој сака да ги избегни класичните протези со кукички и жички (кои се доста нестабилни и со нарушена естетика).
Тука станува збор за комбинација помеѓу порцелански коронки и протеза со копчиња.
Порцеланските заби (предните шест заби) се цементирани и не се вадат, додека протеза е подвижна и се вади.
Ова комбинација нуди стабилност на протезата при џвакање и говор, како и естетика бидејќи копчињата не се видливи и преодот од порцеланските заби кон забите од протезата е скоро незабележителен.
За подетални информации, закажете за преглед и консултација.
За уметничкиот дел заслугата е на Besnik Besir .

Како што одминува времето може да се појави повлекување на гингивата кај природните заби и забите заштитени со коронки (...
29/06/2022

Како што одминува времето може да се појави повлекување на гингивата кај природните заби и забите заштитени со коронки ("навлаки"). Ова доведува до соголување на коренот и собирање на храна и ако не се третира со време, може да доведе до оштетување на зафатениот заб и ткивата околу него.
На сликите е прикажана споредба помеѓу старите коронки каде што е повлечена гингивата и изработка на две нови порцелански коронки.
Секако целта ни е новите коронки да ги имитираат останатите природни заби по форма, боја и големина. Со други зборови целта е да не се познава дека пациентот/пациентката има вештачки заби во устата.

Address

Vranishta
Struga
6330

Telephone

+38972278150

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Затуроски Протетика posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share