Denta ES

Denta ES Единствена поликлиника со специјалисти од најважните стоматолошки области вклучувајќи и фацијална естетика со ботокс и хијалурон.

„Дента ЕС“ ја основавме во 2005 година како ординација по општа стоматологија, која во 2014 година прерасна во една од најголемите поликлиники во земјата.

„Дента ЕС“ е единствена поликлиника со вработени специјалисти од најважните стоматолошки области.

Во склоп на поликлиниката, во 2012 година ја основавме веледрогеријата и едукативниот центар „Орто Дента ЕС“, со официјално застапништво за брен

довите „ORMCO“, „Stylage“, „Inno Aesthetic“ и „CONNEST“ во Македонија.

Во „Орто Дента ЕС“ едукативниот центар организираме курсеви по ортодонција, орална хирургија и имплантологија, а со помош на нашите партнери организираме и курсеви за хијалуронски филери и ботулински токсин (Ботокс).

Поликлиниката, Веледрогеријата и Едукативниот центар на „Дента ЕС“ работат по ISO 9001 стандардот за квалитет користејќи најсовремена стоматолошка и дијагностичка опрема. ENG

“Denta ES” was founded in 2005 as a clinic for general dentistry, which in 2014 became one of the largest Polyclinics in the country.

“Denta ES” is the only Polyclinic with specialists from the most important dental areas. In 2012, within the Polyclinic we founded the wholesaler and center for education “Orto Denta ES”, as an official representative for the brands "ORMCO", "Stylage", "Inno Aesthetic", and "CONNEST" in Macedonia. At “Orto Denta ES” center for education, we organize courses in orthodontics, oral surgery and implantology, and together with our partners, we organize courses for hyaluronic fillers and botulinum toxin (Botox). The Polyclinic, together with the Wholesaler and the center for education are operating under ISO 9001 quality standard, using modern dental and diagnostic equipment.

🦷Време е за нова насмевка!Септември е одличен момент да проверите дали вашите заби и загриз се во најдобра форма и да на...
02/09/2026

🦷Време е за нова насмевка!

Септември е одличен момент да проверите дали вашите заби и загриз се во најдобра форма и да направите чекор кон поздрава и посигурна насмевка. 💗

Искористете ја промоцијата и направете бесплатен ортодонтски преглед во ДентаЕС.

На прегледот ќе направиме:
🦷 проценка на положбата на забите
😁 проценка на загризот
📈 совет за раст и развој на вилиците кај децата
🔍 препорака за фиксна протеза/ мобилен апарат или само следење на состојбата

По прегледот ќе добиете јасна препорака и план за следните чекори.

📅 Промоцијата важи цел месец
📌 Со претходно закажување

📩 Закажете термин во DM или контактирајте не на 02 2774-918

#ДентаЕС

🎒 Нова учебна година, нови обврски – и време за стоматолошки преглед! 🦷✨Пред почетокот на училишните денови, погрижете с...
26/08/2026

🎒 Нова учебна година, нови обврски – и време за стоматолошки преглед! 🦷✨

Пред почетокот на училишните денови, погрижете се за здравјето на забите и на вашето дете. 🤍

Редовниот стоматолошки преглед кај децата овозможува навремено откривање на кариес, промени на забите и други состојби кои можеби не предизвикуваат симптоми.

🦷 На прегледот стоматологот може да провери:
✔️ состојба на млечните и трајните заби
✔️ присуство на кариес и наслаги
✔️ правилен развој и никнување на забите
✔️ состојбата на непцата и оралната хигиена
✔️ дали е потребна дополнителна стоматолошка или ортодонтска грижа

✨ Направете го стоматолошкиот преглед дел од подготовките за новата учебна година.

📞 Закажете го вашиот термин на: 078 425 314 | 02 2774 918

#ДентаЕС #ОставиВпечаток

Секој ортодонтски случај бара внимателна анализа и терапија прилагодена на потребите на пациентот. 🔍Терапијата со алајне...
24/08/2026

Секој ортодонтски случај бара внимателна анализа и терапија прилагодена на потребите на пациентот. 🔍

Терапијата со алајнери е современ ортодонтски третман при кој наместо фиксни протези се користат проѕирни, индивидуално изработени фолии (алајнери) за постепено поместување на забите во посакуваната положба.

Третманот започнува со детална анализа и дигитално планирање на движењето на забите. На тој начин, секоја фаза од терапијата е однапред внимателно испланирана и прилагодена на конкретниот пациент. 💻

За пациентот изработивме индивидуални проѕирни алајнери од нашиот бренд SmileES, со кои се коригираше поставеноста на забите, со внимание како на функционалниот, така и на естетскиот аспект на насмевката. 😁

Резултатот е подобра поставеност на забите, подобрување на загризот и похармоничен изглед на насмевката.

#ДентаЕС #ОставиВпечаток

✨ CEREC ТЕХНОЛОГИЈА– ВАШАТА НОВА НАСМЕВКА ВО ЕДЕН ДЕН ✨Повеќе удобност, помалку посети и современа дигитална технологија...
21/08/2026

✨ CEREC ТЕХНОЛОГИЈА– ВАШАТА НОВА НАСМЕВКА ВО ЕДЕН ДЕН ✨

Повеќе удобност, помалку посети и современа дигитална технологија за вашата насмевка. 🤍

CEREC технологијата овозможува дигитално скенирање, дизајнирање и изработка на вашата коронка, со можност целиот процес да биде завршен во еден ден. Без класични отпечатоци, без долго чекање – само готово решение создадено со максимална прецизност.

🎁 СПЕЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА
При изработка на 2 или повеќе CEREC коронки, добивате БЕСПЛАТНО
професионално чистење на забен камен. 🦷

✨ Промоцијата важи до крајот на месецот. Резервирајте го вашиот термин уште денес: 078 425 314 и 02 2774 918.

#ДентаЕС #ОставиВпечаток

Станете дел од тимот на Дента ЕС!  Нашата стоматолошка поликлиника бара љубезни и посветени стоматолошки асистенти кои ќ...
14/08/2026

Станете дел од тимот на Дента ЕС! Нашата стоматолошка поликлиника бара љубезни и посветени стоматолошки асистенти кои ќе бидат дел од тимот и ќе придонесуваат за професионална и квалитетна грижа за пациентите.

Работните задачи опфаќаат:
✔️ Асистирање на стоматологот при изведување на стоматолошки интервенции
✔️ Подготовка на ординацијата, инструментите и потребните материјали
✔️ Асистирање при прием и подготовка на пациенти
✔️ Одржување на хигиена и стерилизација на инструменти и опрема
✔️ Подготовка и средување на работното место пред и по интервенциите
✔️ Почитување на протоколите за хигиена, стерилизација и безбедност
✔️ Координација и тимска работа со стоматолозите и останатиот персонал

Потребни квалификации:
✔️ Завршено средно медицинско образование
✔️ Уверение за положен стручен испит – медицинска сестра или стоматолошки асистент.
✔️ Основно познавање на работа со компјутер
✔️ Љубезност, одговорност и професионален однос
✔️ Добри комуникациски и организациски способности
✔️ Прецизност, уредност и посветеност во работата
✔️ Способност за работа во динамична средина и тимска работа

Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство во стоматолошка ординација, како и кандидатите кои поседуваат уверение за положен стручен испит за медицинска сестра или стоматолошки асистент.

📩 Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија на [email protected] со назнака „Апликација за стоматолошки асистент“.

Само кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.

#ДентаЕС #ОставиВпечаток #СтоматолошкиАсистент #Вработување

11/08/2026

🦷 National Align Your Teeth Day

Ден посветен на подигнување на свеста за правилната поставеност на забите и важноста на ортодонтскиот третман.

Правилната поставеност на забите не е само прашање на естетика. Таа е важна за правилниот загриз, функцијата и полесното одржување на оралната хигиена, а со тоа и за долгорочното орално здравје.

Овој ден е потсетник да не размислуваме само за тоа како изгледа нашата насмевка, туку и за тоа како таа функционира и како да го зачуваме здравјето на забите на долг рок.

Ако веќе подолго време размислувате за исправување на забите, ова може да биде вистински момент да се информирате за можностите и да го направите првиот чекор. ✨

Закажете консултација и дознајте кое ортодонтско решение е најсоодветно за вас 🦷

#ДентаЕС #ОставиВпечаток

🦷 Што се дентални мостови и кога се препорачуваат?Денталниот мост е фиксно протетско решение кое се користи за надополну...
07/08/2026

🦷 Што се дентални мостови и кога се препорачуваат?

Денталниот мост е фиксно протетско решение кое се користи за надополнување на еден или повеќе изгубени заби. Тој го пополнува празниот простор и овозможува повторно воспоставување на природниот изглед и функцијата на забите. ✨

Мостот најчесто се препорачува кога:
✔️ недостасува еден или повеќе заби
✔️ соседните заби се доволно стабилни за да служат како потпора
✔️ пациентот сака фиксно решение без отстранување при секојдневна употреба

Со правилно изработен дентален мост се подобрува:
😁 естетиката на насмевката
🍎 функцијата при џвакање
🦷 стабилноста на забниот низ

Благодарение на современата CAD-CAM технологија, во нашата клиника овозможуваме брза и прецизна дигитална изработка на мостови врз основа на претходно направен дигитален скен.

🦷 Секој пациент е различен - изборот на најдоброто решение секогаш зависи од индивидуалната состојба на забите и оралното здравје.

📍 Закажете консултација и дознајте дали денталниот мост е вистинскиот избор за вас. 078 425 314 и 02 2774 918.

#ДентаЕС #ОставиВпечаток

Стоматолошката ординација Дента ЕС има потреба од мотивирана и одговорна личност за работа на приемен пулт.🦷✨Работните з...
31/07/2026

Стоматолошката ординација Дента ЕС има потреба од мотивирана и одговорна личност за работа на приемен пулт.🦷✨

Работните задачи опфаќаат:
✔️ Прием, информирање и насочување на пациенти
✔️ Телефонска и електронска комуникација
✔️ Закажување и координација на термини
✔️ Водење и ажурирање на евиденцијата и документацијата на пациентите
✔️ Наплата и издавање соодветна документација
✔️ Координација со стоматолозите и останатиот персонал

Од кандидатите очекуваме:
✔️ Минимум средно образование
✔️ Основно познавање на работа со компјутер
✔️ Љубезност, одговорност и професионален однос
✔️ Добри комуникациски и организациски способности
✔️ Познавање на англиски јазик
✔️ Способност за работа во динамична средина и тимска работа

Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во стоматолошка или друга здравствена установа.

Пожелно е искуство со административно работење со матични пациенти, како и познавање на програмите My Mouth и/или Prima Dent.

📩 Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија на [email protected] со назнака „Апликација за административен работник“

Само кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.

#ДентаЕС #ОставиВпечаток

31/07/2026

Погледни како настанува една коронка. 👀🦷

Сè започнува со дигитален скен, продолжува со CEREC технологија и завршува со готово решение создадено со максимална прецизност.

Без долго чекање, без повеќекратни посети – само модерен дигитален процес за твојата насмевка. ✨

#ДентаЕС #ОставиВпечаток

Прецизност. Планирање. Долгорочно решение.Секој комплексен имплантолошки случај бара индивидуален пристап и детална анал...
28/07/2026

Прецизност. Планирање. Долгорочно решение.

Секој комплексен имплантолошки случај бара индивидуален пристап и детална анализа. 🔍

Кај овој пациент беше извршена комплетна реконструкција на горната вилица со поставување на 6 дентални импланти. Веднаш по интервенцијата беше направен и интраорален скен за изработка на привремена фиксна реставрација, овозможувајќи побрза функционална и естетска рехабилитација. 🦷

Нашата цел не е само да ги надоместиме изгубените заби, туку да создадеме стабилна и природна насмевка, со решение кое обезбедува функција, естетика и сигурност на долг рок.

#ДентаЕС #ОставиВпечаток

Address

Anton Popov 31
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 17:00
Saturday 10:00 - 14:00

Telephone

+38922774918

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Denta ES posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Denta ES:

Shortcuts

Share

Category