Компанијата ВИК-ДЕНТАЛ е основана во 1993 година со седиште во Загреб,
Во 2008 година е основана сестринска фирма на истиот сопственик во Скопје, Македонија.
Со оглед на постојаниот напредок и ентузијазмот на високомотивираните и стручни млади вработени, компанијата прераснала во еден од водечките дистрибутери на стоматолошки и заботехнички асортиман во Хрватска и Македонија.
Во нашиот продажен а
сортиман има околу 6000 видови на артикли (како потрошни материјали така и стоматолошки уреди за сите намени во стоматологијата и забната техника), Ги претставуваме најпознатите светските производители на стоматолошка опрема и материјали, како што се:Planmeca,3M Espe,Heraus Kulzer, GC Europe,Euronda,Paltop,SprintRay,Botiss,Rocky mountain orthodontic,Hager & Werken, Diadent, Mani,KavoKerr, Melag,Durr dental,Inibsa,Omnia, Sacred, Top Glove, Bonart,Runnyes, Oro Clean Chemie, Edenta,итн.
Со желба што повеќе да ги унапредиме своите услуги и да им се приближиме на своите купувачи, спроведуваме различни видови облици на продажба и презентација на производите, од редовно претставување на сезонските акции на адресите на стоматолошките ординации, огласување во стручни списанија, организација за стручни собири, посета на специјализирани саеми и конгреси – до посебни телемаркетинг понуди.