О2 Дентал Стоматолошка ординација

О2 Дентал Стоматолошка ординација ✅Висока естетика
✅Прецизна дијагностика
✅Безболна стоматологија

Со цел да ви излеземе во пресрет на вашите потреби сега е возможно закажувањето на вашите термини да го извршувате и преку интернет. Со тоа се надеваме да бидеме еден чекор поблиску до вас и грижата за вашето забно орално здравје.

28/05/2020
Почитувани пациенти, да појасниме на глас  📣📣📣ПЗУ О2 Дентал ве известува дека има промена во протоколите за однесување н...
28/05/2020

Почитувани пациенти, да појасниме на глас 📣📣📣

ПЗУ О2 Дентал ве известува дека има промена во протоколите за однесување на пациентите во нашата ординација. Тие се однесуваат од моментот на пристапување и заминување од нашата ординација и се спроведуваат по строго најавен протокол, составен од следното :

1. Најстрого се забранува влез во ординацијата без претходно извршен телефонски повик. За време на телефонскиот повик ќе се изврши информативна епидемиолошка анкета од страна на одговорното лице од нашата ординација, по што ќе ви биде доделен термин.

2. Ќе се примаат само однапред закажани пациенти, вклучително и тие со болки и итни случаеви. При пристигнувањето, анкетен епидемиолошки прашалник ќе ви биде поставен и ќе ви биде измерена телесната температура.

3. Термините ќе бидат планирани на тој начин што ќе постои максимална физичка дистанца меѓу пациентите. Тоа значи и дека ќе ви бидат понудени помалку термини при закажувањето. Верувајте му на вашиот доктор при проценката на итност од стоматолошка интервенција додека траат рестрикциите за редовна пракса.

Имаме протокол на дезинфекција помеѓу пациентите, затоа ве замолуваме на закажаниот термин доаѓајте точно навреме, за да се спречат контакти со други пациенти во чекалната. Одбегнувајте го доаѓањето со придружба, освен кога тоа е неопходно (деца, неподвижни лица и сл.) .

4. Секогаш доаѓајте со заштитна маска која ќе ја извадите пред самата интервенција. Пациентите без маска нема да бидат примени или вратени додека не ја обезбедат истата.

На влезот стои простирка за дезинфекција на обувките. По влегувањето, дезинфицирајте ги рацете во чекалната и откако ќе ве повика сестрата упатете се директно кон ординацискиот дел со маска на лицето.

Одбегнувајте непотребно задржување, приватни разговори со персоналот, како и непотребно допирање на предмети во ординацијата.

Палтото, чантата и телефонот (со исклучен тон) ќе ги оставите на безбедно место кое ќе ви го посочи сестрата.

Сите овие протоколи се нужни упатствата за контрола на инфекцијата и вооедно одобрени од Стоматолошката комора и Министерството за здравство.

Ви благодариме за разбирањето, постојано ја цениме вашата долгогодишна доверба и лојалност кон нас.

Со почит, Тимот на О2 Дентал

12/01/2016

ИНТЕРДЕНТАЛНИ ЧЕТКИ

16/08/2013

Мали совети и упатство за начинот на користење на ЗАБНИОТ КОНЕЦ..

08/08/2013

Драги пациенти, би сакале за момент да ви го насочиме вниманието на правилната техника на четкање на забите.

31/07/2013

Анимирана демонстрација на поставување порцелански ламинати (Veneers)

Address

Улица 1 бр. 68, Д. Лисиче
Skopje

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 20:00
Wednesday 10:00 - 20:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 20:00
Saturday 10:00 - 18:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when О2 Дентал Стоматолошка ординација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to О2 Дентал Стоматолошка ординација:

Share