MM DENTA REZ

MM DENTA REZ Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from MM DENTA REZ, bUlica 3-ta Makedonska brigada 43 1-2, Skopje.

Почитувани пациенти,Covid-19 пандемијата измени многу работи во начинот на нашето секојдневно живеење,па и регуларните п...
11/05/2020

Почитувани пациенти,
Covid-19 пандемијата измени многу работи во начинот на нашето секојдневно живеење,па и регуларните посети на стоматолог.

Во Март, Министерството за здравство препорача да се одложат сите процедури, со исклучок на итните и да ги ставиме нашите ординации во мирување со цел да помогнеме во намалувањето на ширењето на вирусот.
После два месеци мирување повторно почнувме со работа на 13.5.2020 ( Среда ).

Ние како стоматолошка ординација отсекогаш сме ги следеле постапките за контрола на инфекциите,но сега превземаме дополнителни чекори за ваша и наша заштита.

Што да очекувате на вашата следна посета:

➡️Закажувањето на термини ќе се одвива по телефон или на социјалните мрежи,нема да бидат примани пациенти кои нема да бидат претходно најавени.Во текот на закажувањето ќе ви бидат постават неколку прашања поврзани со вашата здравствена состојба.
➡️Пациентите да доаѓаат без придужба,ќе се прави исклучок само за деца до 12 години,каде е дозволено да е присутен еден родите.
➡️При влез во ординацијата ќе треба да го следите протоколот за дезинфекција.
➡️Не заборавајте да носите маски за време на вашата посета.
➡️Стоматологот ќе користи поинаква заштитна опрема од онаа која се користеше на претходните посети. Тоа може да вклучува различни маски, штитници за лице, наметки и очила.

Откако ќе заврши посетата, персоналот темелно ќе го исчисти просторот каде се вршела интервенцијата со средства за дезинфекција, кои се ефикасни и против корона вирусот, за да се подготви следниот пациент.

Запомнете, дека редовните посети на стоматолог се од есенцијално значење за вашата рутинска хигиена и целокупната здравствена состојба. Закажете ги вашите стоматолошки прегледи и процедури кои се веќе започнати,а ние ќе се погрижиме вашата посета да биде што е можно побезбедна за сите.

Со почит, тимот на ПЗУ ММ Дента Рез

30/03/2020

Почитувани пациенти,

Согласно задолжението од Министерство за Здравство, а со цел заштита на населението и спречување на ширење на вирусот “COVID-19”, Ве известуваме дека ординацијата ПЗУ ММ Дента РЕЗ привремено нема да работи .

Доколку имате потреба од ИТНА СТОМАТОЛОШКА УСЛУГА задолжително да се јавите на бројот 070/999-997 за консултации и понатамошни упатства во врска со вашето лекување.

Наведениот телефонски број ќе биде достапен секој ден 08:00 до 20:00 часот.

Ви благодариме на разбирањето.
ПЗУ ММ Дента РЕЗ

14/03/2020

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани пациенти
Поради моменталната состојба во однос на вирусот COVID-19 (Корона вирус) а во интерес на вашето здравје,
ПЗУ ММ ДЕНТА РЕЗ ве известува дека:

Во периодот од 16.03.2020 до 01.04.2020 ќе се примаат САМО пациенти со АКУТНА БОЛКА со ПРЕТХОДНО ЗАКАЖАН ТЕРМИН на тел. 070 999 997 / 072 580 580
Пациенти со симптоми на настинка зголемена телесна температура, забрзано и скратено дишење, и пациенти кои во измнинатиот период биле во контакт со лица кои престојувале во странство да се консултираат на горенаведените телефонски броеви .

Апелираме да се придржувате до упатствата на СЗО со цел да се зачува Вашето и колективното здравје.

При влез во ординацијата ве молиме користете го антисептик гелот што стои на располагање во чекална, и чекајте да бидете повикани во ординацијата. Присуство во ординацијата е лимитирано строго само на пациентите на кои се врши интервенција!!!


Со почит,
Тимот на ПЗУ ММ ДЕНТА РЕЗ

09/10/2019
DENTA REZ и CURAPROX до совршена насмевка 🦷🦷❗️❗️❗️🦷🦷 Искористетеја понудата по промотивна цена и изненадете го вашиот па...
14/02/2019

DENTA REZ и CURAPROX до совршена насмевка 🦷🦷❗️❗️❗️🦷🦷
Искористетеја понудата по промотивна цена и изненадете го вашиот партнер со несекојдневен подарок! Јавете се и закажете термин на 070 999-997

31/01/2019

Закажете термин и бесплатен преглед на 070 999 997 и информирај се за услугите и поволностите кои ги добивате како матични пациенти 🦷🦷❗️❗️❗️🦷🦷

Почитувани пациенти и пријатели, Среќна Нова 2019 🎉🎉🎄Исполнета со многу здравје, среќа, успех и насмевки  🎆🎆❤
01/01/2019

Почитувани пациенти и пријатели,
Среќна Нова 2019 🎉🎉🎄
Исполнета со многу здравје, среќа, успех и насмевки 🎆🎆❤

08/12/2018
Свечено отварање на  DENTA REZ  🎉 🎈
08/12/2018

Свечено отварање на DENTA REZ 🎉 🎈

Address

BUlica 3-ta Makedonska Brigada 43 1-2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when MM DENTA REZ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share