23/06/2025
🏖❓️ Дали некогаш за на одмор сте заборавиле нешто важно? Се случува безброј пати.
🔔 За да не заборавите важни работи за грижа за протезите, препорачуваме да подготвите ортодонтски комплет за патување 🧳 кој е секогаш подготвен за носење! 👝
📋 Список:
👉 Ортодонтски восок - во случај нешто да боцка, гребе, иритира од протезата, ова е одличен ,,завој'' 🩹додека не се вратите дома, и сте во можност да нé посетите за санирање.
👉 забен конец / интердентални четки- 🧵важно да се одржат забите и непцата здрави и за време на одморот! Особено ако уживате во вкусни салати и десерти, никој не сака да се насмее со марула 🥬или јагода🍓 залепена на протезата 😁
👉 Четка за заби 🪥 верувале или не, ова е најчесто заборавениот хигиенски предмет за на одмор, бидејќи последен се пакува. За да се избегне ова, имајте резервна четка во несесер за протезите, така никогаш нема да се заборави!
👉 Ластичиња ⭕️ -ортодонтска домашна задача 😁 иако никој не ја сака за на одмор, сепак не се откажувајте од ластичињата, тоа ќе го успори третманот. Со задоволство ќе Ви дадеме резервно пакување за во патнички комплет!
⛱️🤿☀️🥽 Уживајте во одморот, тука сме за вашата насмевка 🩴👒🏄♀️🏊♂️