Стоматолошка поликлиника „Ѓорѓиоски“

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Стоматолошка поликлиника „Ѓорѓиоски“
Directions Website Contact the practice

Стоматолошка поликлиника „Ѓорѓиоски“ Dental Policlinic "Gjorgjioski" Стоматолошка Поликлиника „Ѓорѓиоски“

Ординација по општа стоматологија
Специјалистичка ординација по протетика
Специјалистичка ординација по ортодонција
тел.02/2470-048 ординација Аеродром

Дали во зимските месеци конзумирате повеќе месо? Пилешкото и говедското месо содржат фосфор - минерал важен за здравјето...
28/01/2024

Дали во зимските месеци конзумирате повеќе месо?
Пилешкото и говедското месо содржат фосфор - минерал важен за здравјето на забната глеѓ. Фосфорот поддржан од калциумот и витаминот Д, ги прави здрави и коските и забите.
За вегетаријанците добра алтернатива може да биде тофуто кое е храна што содржи добра количина протеини, а воедно е и дополнителен извор на калциум и магнезиум.🦷🍗🥘

Изборот на вистинската четка за заби може да биде предизвик со оглед на големиот број различни видови четки достапни на ...
21/01/2024

Изборот на вистинската четка за заби може да биде предизвик со оглед на големиот број различни видови четки достапни на пазарот. Она што ќе го прочитате во продолжение би требало да Ви помогне да разберете на што треба да обрнете внимание при изборот на четка за заби👇
1. Тврдост на четката за заби - Еден од клучните фактори при изборот на четка за заби е тврдоста на влакната. Нашите стоматолози препорачуваат меки четки кои се понежни за забите и непцата. Таквите четки го намалуваат ризикот од оштетување на глеѓта и повлекување на непцата. Цврстите четки може да бидат премногу агресивни, особено ако сте навикнати силно да четкате.
2. Големина и облик на главата на четката за заби - Ако имате помала уста, потребна Ви е четка со помала глава и обратно (поголемите глави на четките се за оние со поголеми усти). Единствено важно е да бидете сигурни дека со четкицата можете да пристапите до сите површини во Вашата уста и темелно да ги исчистите сите ќошиња и пукнатини. Обликот на главата на четката може да варира - од овална, правоаголна до дијамант - зависно од тоа што најмногу ви одговара Вам.
3. Електрични наспрема рачни четки за заби - Техниката на четкање е клучно па без разлика дали користите рачна или електрична четка најважно е да знаете правилно да четкате. Сепак, добро е да се спомене дека електричните четки можат да бидат поефикасни во отстранувањето на наслагите и забниот камен. 🦷👅😁

На Вашиот следен стоматолошки преглед ние можеме да направиме план за санирање на сите проблеми со забите. Закажете на👇☎...
15/01/2024

На Вашиот следен стоматолошки преглед ние можеме да направиме план за санирање на сите проблеми со забите. Закажете на👇
☎️02 2470 048
📱 075 448 233

Стоматолошки Мит: Крварењето на непцата е нормално!Крварењето на непцата за време на четкање или чистење со конец се дол...
12/01/2024

Стоматолошки Мит: Крварењето на непцата е нормално!

Крварењето на непцата за време на четкање или чистење со конец се должи на воспаление(!) на непцата. Непцата може да се воспалат и да почнат да крварат поради прекумерно насобирање наслаги и забен каменец, појава на гингивитис, болести на непцата или други причини. Крварењето не е нормално и ако забележите дека ова се повторува треба да го контактирате Вашиот стоматолог.

Среќен Божиќ, пријатели ❤️✨ ✨ ✨
08/01/2024

Среќен Божиќ, пријатели ❤️
✨ ✨ ✨

Тимот на Стоматолошка поликлиника „Ѓорѓиоски“ Ви посакува Новата година да ја дочекате во радост, здравје и љубов, а да ...
31/12/2023

Тимот на Стоматолошка поликлиника „Ѓорѓиоски“ Ви посакува Новата година да ја дочекате во радост, здравје и љубов, а да ја испратите со многу успеси постигнати во неа. Среќна 2024та!🎉

Забите мора да се чуваат и негуваат, особено заради зачувувањето на забната глеѓ, а сето тоа, освен со редовно оддржувањ...
28/12/2023

Забите мора да се чуваат и негуваат, особено заради зачувувањето на забната глеѓ, а сето тоа, освен со редовно оддржување на хигиената на усната шуплина, може да се постигне и со исхраната.

Сусамот има сличен ефект, со тоа што ја чисти површината на забите и ги остранува бактериите кои предизвикуваат оштетувања. Исто така сусамот е богат со калциум и многу е едноставен за се да се вклопи во секојдневната исхрана. Можете да го додадете во многу јадења или во вашето омилено овошно смуди. Не заборавајте да додадете сусам на кифличките за Новогодишната трпеза 🎄🎁🎅

Добредојде на зимата!За да не памтите или запишувате, промената на годишните времиња може да Ви биде одличен потсетник д...
28/12/2023

Добредојде на зимата!
За да не памтите или запишувате, промената на годишните времиња може да Ви биде одличен потсетник да ја замените своја четкица за заби со нова🪥🤗

Насмевката може да направи толку многу, дозволете ни да се погрижиме да Ви е удобно кога се насмевнувате широко ☺️🙌Закаж...
28/12/2023

Насмевката може да направи толку многу, дозволете ни да се погрижиме да Ви е удобно кога се насмевнувате широко ☺️🙌

Закажете го Вашиот следен стоматолошки преглед на
☎️02 2470 048
📱 075 448 233

Покрај подготовките за Новогодишните празници, сигурно се подготвувате и правите планови за распустот кој Вашите дечиња ...
27/12/2023

Покрај подготовките за Новогодишните празници, сигурно се подготвувате и правите планови за распустот кој Вашите дечиња или тинејџери ќе го уживаат наскоро. Корисно искористете дел од нивното слободно време со закажување на ортодонтски преглед за нив, на телефонскиот број 075 488 233 или на 02 2470 048
*во соработка со Фондот за Здравство - мобилните протези се бесплатни за деца и млади до 18 години 🏃‍♀️🏃🏃‍♂️

Address

Стоматолошка поликлиника „Ѓорѓиоски“
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Стоматолошка поликлиника „Ѓорѓиоски“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Стоматолошка поликлиника „Ѓорѓиоски“:

Shortcuts

Share