Стоматолошката ординација Др. Митиќ ви ги овозможува сите забни третмани.
Постоиме веќе 20 години и нашиот онсовен принцип на работа е индивидуалниот пристап кон секој пациент. Ваквиот уникатен пристап и нашето долгогодишно искуство ќе ви даде сигурност, квалитет и врвна умешност во изработките, користејќи најсовремена опрема и најквалитетни материјали од светски реномирани производители.
Стоматол
ошките третмани ги изведуваат Др. Аница Митиќ (24 год. искуство) и Др. Даница Митиќ (20 год. искуство) кои токму заради своето долго годишно работно искуство во оваа област ќе ви овозможат третмани со висок квалитет.
Наша најголема сатисфакција претставува кога вашата посета во нашиот опуштен амбиент и смирена атмосфера ќе предизвика насмевка на вашето лице, бидејќи тоа е најголем показател на нашиот труд и квалитетна изработка.
Кај нас, вашите стоматолошки искуства се сигурни и потполно безболни, користејќи последна генерација на анестетици, најмодерни материјали и технологија, кои во комбинација со нашето искуство со сигурност ќе ги задоволат вашите здравствени и естетски потреби.
Ние од наша страна, ви гарантираме за највисок стандард на услуги и поволни цени. Нашата стоматолошка ординација ви нуди врвна професионална стоматолошка заштита и дијагноза.
Нашите услуги вклучуваат:
- Естетска стоматологија
- Ендодонција
- Парадонтологија
- Протетика (Мобилна, визил протези и тотални протези)
- Фиксна протетика (cad-cam, e-max, metal ceramica, изоситни коронки)
- Inlay и Onlay пломби
- Композитни и церамични пломби
- Избелување заби
- Екстракција на заби
- Дијагноза