Стоматолошка комора на Македонија

Стоматолошка комора на Македонија Стоматолошка комора на Македонија
Stomatoloska komora na Makedonija
Oda stomatologjike e Maqedonise
Macedonian Dental Chamber

18/06/2026

⭐️ По повод 30 години од СКМ и К4, се навраќаме на дел од приказната што ја создававме заедно.
За сите што беа таму. И за оние што ќе ја раскажуваат понатаму.

⭐️Голема благодарност до МЕДИКА ЛЕ-МА за специјалниот придонес и поддршка во реализацијата на 17 - тиот Меѓународен стом...
15/06/2026

⭐️Голема благодарност до МЕДИКА ЛЕ-МА за специјалниот придонес и поддршка во реализацијата на 17 - тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4

Интервју за МИА со претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, проф. д-р Благоја Даштевски (пред  одржувањето ...
15/06/2026

Интервју за МИА со претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, проф. д-р Благоја Даштевски (пред одржувањето на Конгресот)

web: https://www.mia.mk

Свечено одбележување на јубилејот – 30 години Стоматолошка комора на Македонија и отворање на Меѓународниот К4 стоматоло...
14/06/2026

Свечено одбележување на јубилејот – 30 години Стоматолошка комора на Македонија и отворање на Меѓународниот К4 стоматолошки конгрес.

МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ МЕЃУНАРОДЕН СТОМАТОЛОШКИ КОНГРЕС – ЗАЕДНИЧКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА К4 ГРУПАТАСо зае...
12/06/2026

МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ МЕЃУНАРОДЕН СТОМАТОЛОШКИ КОНГРЕС – ЗАЕДНИЧКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА К4 ГРУПАТА

Со заедничка прес-конференција одржана денес во седиштето на Стоматолошка комора на Македонија, официјално започна еден од најзначајните меѓународни стоматолошки конгреси во регионот, кој од 12 до 14 јуни се одржува во Скопје.

Главен организатор на конгресот е претседателот на Стоматолошка комора на Македонија, Проф. д-р Благоја Даштевски, а на настанот присуствуваат високи делегации и претставници на стоматолошките и лекарските комори од повеќе земји од регионот.

Во рамки на прес-конференцијата, претставниците на К4 групата, составена од Македонија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, ја потврдија својата заложба за продлабочување на регионалната соработка и заедничко справување со предизвиците во стоматолошката професија.

На настанот присуствуваа:

д-р Хрвоје Пезо, претседател на Хрватската комора по дентална медицина;
д-р Мирсад Токиќ, претседател на Стоматолошката комора на Босна и Херцеговина;
д-р Барбара Шкрл, претставник на Лекарската комора на Словенија;
д-р Јелена Булајиќ, претседател на Стоматолошката комора на Црна Гора;
д-р Алмиро Гуракуќи, претседател на Стоматолошката комора на Албанија.

Покрај нив, на конгресот учествуваат и претставници од Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Република Српска.

Во текот на тридневниот конгрес ќе настапат 30 предавачи од земјата и странство, меѓу кои реномирани стоматолози, универзитетски професори и експерти од различни области на денталната медицина.

Главен фокус на предавањата ќе бидат најновите достигнувања во стоматологијата, со посебен акцент на дигиталната стоматологија, примената на 3Д технологиите, вештачката интелигенција во дијагностиката и третманите, современите имплантолошки решенија, естетската стоматологија и новите клинички протоколи.

На конгресот се очекува учество на повеќе од 600 учесници, што го потврдува неговото значење како еден од најголемите и највлијателни стоматолошки настани во регионот.

Свеченото отворање се одржа вечерва во 19:30 часот во Holiday Inn Skopje.

Главен покровител на конгресот е Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Овој значаен меѓународен собир претставува уште една потврда за угледот и улогата на Македонија како регионален центар за стручна едукација, научна размена и професионална соработка во областа на денталната медицина.

#конгрес #К4 #стоматолошкакомора

Скопје ќе биде центар на Дигитална Стоматологија вo регионот
05/06/2026

Скопје ќе биде центар на Дигитална Стоматологија вo регионот

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Со големо задоволство ги објавуваме учесниците кои ќе бидат дел од програмата на Меѓународниот стоматолошки конгрес К4 в...
02/06/2026

Со големо задоволство ги објавуваме учесниците кои ќе бидат дел од програмата на Меѓународниот стоматолошки конгрес К4 во текот на сабота и недела.

Во двата конгресни дена нè очекуваат стручни предавања, усни и постер презентации, како и можност за професионално вмрежување и споделување искуства меѓу стоматолози, специјалисти и млади професионалци.

📅 Сабота и Недела 13 и 14 Јуни

📌 Програмата ќе ја објавиме наскоро.

#К4Конгрес #Стоматологија #СтоматолошкиКонгрес

Address

Улица Балзакова бр. 32
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+389 2 3246 852

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Стоматолошка комора на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Стоматолошка комора на Македонија:

Shortcuts

Share