Стоматолошката ординација ИН ДЕНТ ФЕМИЛИ ДЕНТАЛ е основана во 2013 година. Ординацијата располага со три стоматолошки столици, најсовремен дигитален рентген кабинет кој вклучува дигитален панорамикс, апарат за мали ретроалвеоларни снимки, телерентген (профилна снимка на череп), рентген на синуси.
Тим:
Спец.д-р Наташа Наумоска - специјалист по стоматолошка протетика
Спец.д-р Ивана Наумоска Толеска
- специјалист по ортодонција
Д-р Катерина Николовска - доктор по општа стоматологија
Д-р Искра Јовческа Аврамоска - доктор по општа стоматологија
Од 11.12.2014 ординацијата склучува договор со фондот за здравствено осигурување на Македонија. Во услуги од ФЗОМ спаѓаат интервенции од примарната стоматолошка заштита:
- контролни прегледи
- ендодонтско лекување и пломбирање на заби
- вадење заби
- чистење забен камен и меки наслаги
- егзогена флуор профилакса и залевање фисури (кај деца)
Вршиме и специјалистичка дејност од областа на ортодонцијата, стоматолошката протетика, имплантологија и орална и пародонтална хирургија. Нудиме интервенции со дермални филери и останати естетски интервенции.