19/10/2026
EAO Lisbon 2026 | Постојано знаење. Постојан развој. Поглед кон иднината.
Учеството на овогодинешниот конгрес на European Association for Osseointegration (EAO) во Лисабон претставуваше уште еден значаен чекор во професионалниот развој на др.Тања Пејковска Ристовска, како и надоградување во областа на имплантологијата и современата дентална медицина.
Средбата со врвни светски експерти, следењето на најновите научни сознанија и современи клинички пристапи, како и размената на искуства со колеги од целиот свет, се драгоцена можност за проширување на знаењето и унапредување на секојдневната клиничка пракса.
Веруваме дека вистинскиот професионален раст произлегува од континуираното учење и посветеноста да се биде чекор поблиску до највисоките стандарди во стоматологијата.
Бидејќи квалитетната грижа за пациентите започнува со знаење, а се надоградува со постојано усовршување.