17/04/2024
🔶 Приказ на случај во прв коментар.
🔶 Бисфосфонатите спаѓаат во групата на антиресорптивни лекови кои се применуваат во лекување на различни коскени состојби и заболувања како што се остеопороза, состојби поврзани со малигни болести, коскени метастази и др.
🔶 Најтешка компликација е појавата на специфична остеонекроза, наречена медикаментозна остеонекроза која најчесто настанува после орално-хируршки интервенции како што се екстракција на забите, пародонтална хирургија, имплантирање.
🔶 Терапијата на остеонекрозата е неспецифична, комплицирана, со непредвидлив исход. Лечењето и превенцијата на болеста е мултидисциплинарно и бара соработка од лекари од повеќе специјалности како и едукација на пациентите.
🔶 Еден од најзначајните ризик фактори покрај потентноста на лекот е видот на стоматолошката интервенција. Денто-алвеоларната хирургија е со највисок ризик, но може да се развие и од протетски, ендодонтски и пародонтолошки зафати. Остеонекрозата може да настане и спонтано, но во многу помал процент.
🔶 Што треба да направи стоматологот? Пред почеток на терапија со бисфосфонати, да се направи иницијален преглед, посебно кај онколошките пациенти. Потребно е да се направи панорамско снимање на забите за да се види нивната состојба и да се санираат сите потенцијални патолошки состојби за да се спречат орално-хируршки интервенции во блиска иднина.
🔶 Мултидисциплинарната соработка, едукацијата на лекарите и пациентите допринесуваат за превенција на оваа болест.
http://www.drafrim.com/
Dentist and dental surgery