16/05/2022
Третите молари (умници) се последните заби кои изникнуваат во забниот низ. Често поради недoволно простор или лоша поставеност, овие заби можат да останат заглавени во коската, што е индикација за оперативна екстракција.
Сепак во одредени случаи, каде не е неопходна ваква интервенција, за полесно изникнување на забот, се прави ексцизија (отстранување) само на мекото ткиво околу него. Оперативното вадење на умниците се изведува со локална анестезија и е целосно безболен зафат.