19/11/2016
Забните импланти се титаниумски штрафови кои стоматологот ги вградува во виличната коска како би го замениле коренот на забот кој недостасува. Со текот на времето се создава цврста врска со коскениот дел од вилицата.
Кога недостига коренот на забот, коската во која се наоѓал забот се ресорбира. Последица од губиток на коскено ткиво кој следи со губиток на забот, се колапс на фацијалниот профил, недоволна потпора на усните, зголемување на брчките околу устата и назолабијалниот дел.
Сепак виличната коска може да се сочува кога наместо забниот корен кој недостасува се вгради имплант. Бидејќи се создава цврста биолошка врска помеѓу коската и имплантот тој ќе послужи исто како и коренот на забот да биде стабилен темел за жвакање на храната и стимулација на коската да остане на место и да не се ресорбира.
Сите имланти изгледаат како мали штрафчиња. Направени се од титаниум, материјал кој е биокомпатибилен. Процентот на успешноста кај забните импланти е 95%, и со преку триесет години клиничко испитување претставуваат техника на надохнада на заби со добра и долгорочна прогноза.
Кога можат да се вградат импланти
1.Недостасува еден заб. Во овој случај постојат 2 опции за надохнада. Една е изработка на класичен мост кој се цементира на испрепарираниот соседен заб и другата опција е изработка на керамичка конструкција која ја носи имплантот. Бидејќи денталниот мост не го надоместува изгубениот корен од забот, на тоа место коскеното ткиво постепено се ресорбира и исчезнува. Тоа има за последица слаб естетски резултат, а храната може да се задржува под мостот.
• со импалнт чувството е природно
• подобар естетски резултат
• нема препарација на соседен заб
• нема кариес на забите
• се стимулира коскеното ткиво
• лесно се одржува оралната хигиена
Замена на повеќе заби кои недостасуваат
Кога недостасуваат повеќе заби постојат три опции за надоместок. Изработка на класичен мост со протетска препарација на соседните заби, парцијални мобилни протези или забни импланти.
Мобилните парцијални протези можат да го забрзаат процесот на губиток на виличната коска, додека металните кукици предизвикуваат силен притисок на природните заби. Со текот на времето овие заби можат да се расклатат и да испаднат од своето лежиште.
Замена на сите заби
Се до денешно време не постоеше друго решение за луѓето со безаби вилици, освен тотална протеза. Тие имаат многу недостатоци.
• Некомфорни се
• Тешко се постигнува природен изглед на забите
• Бидејќи ресорпцијата на коскено ткиво напредува со текот на времето, можат да станат лабави во текот на жвакањето
• кај некои луѓе тоталните протези предизвикуваат незадоволство и губиток на самодоверба.
Овие проблеми можат да се решат со помош на коронки кои се фиксирани на импалнти кои се стабилни и го чуваат интегритетот на виличната коска.
Стабилизација на тотални протези
Потребно е да се напоменен дека кај луѓето кои немаат ниту еден заб и посакуваат да вградат импланти, не мораат да носат тотални протези кои се нестабилни.