ПЗУ Плимадент / PZU Plimadent

ПЗУ Плимадент / PZU Plimadent Приватна здравствена установа по општа стоматологија.

🎓 Подготви се за матурска или дипломска вечер со блескава насмевка! ✨️❗️Нудиме 30% попуст на избелување на заби за сите ...
19/05/2025

🎓 Подготви се за матурска или дипломска вечер со блескава насмевка! ✨️

❗️Нудиме 30% попуст на избелување на заби за сите матуранти и апсолвенти.

✅️ Безбедна и брза процедура
✅️ Видливи резултати уште по првата сесија.

🎉 Закажете го вашиот термин и прославете ги успесите со насмевка!

💖 Насмевка што ќе зрачи на Денот на вљубените! 💖Подгответе ја вашата насмевка за најромантичниот ден во годината! Со наш...
11/02/2025

💖 Насмевка што ќе зрачи на Денот на вљубените! 💖

Подгответе ја вашата насмевка за најромантичниот ден во годината! Со нашиот професионален третман за избелување на заби, вашите заби ќе бидат блескаво бели и подготвени за совршените моменти со саканата личност!

✨ Валентинска акција:
📅 Закажете до 14 февруари и добијте 30% попуст!

Не чекајте! Закажете сега на 075/627-937 или во dm и подарете си насмевка што освојува! ❤️

🤰 За време на бременоста телото на жената трпи промени кои влијаат и на оралното здравје. 🩸 Промени на гингивата: Нивото...
27/12/2024

🤰 За време на бременоста телото на жената трпи промени кои влијаат и на оралното здравје.

🩸 Промени на гингивата: Нивото на хормоните естроген и прогестерон е зголемено. Додека високите нивоа на овие хормони се важни за развојот на плодот, истите ги прават непцата пречувствителни на иритации и бактерии, па поради тоа, гингивитот (воспаление на непцата) е многу честа појава кај трудниците. Симптоми на гингивитот се: крварење при четкање; сјајна, црвена и потечена гингива која се чувствува како затегната.

🦷 Промени кои се јавуваат на забите: За време на бременоста, нивото на плунка е намалено, а со тоа и самочистењето на усната празнина. Мачнините и честите повраќања прават усната празнина постојано да има кисела pH што директно го оштетува емајлот на забот. Зголемената фрекфенција на внес на храна, која најчесто е кисела и богата со шеќери, води до зголемен ризик од појава на кариес.

🪥 За да се спречи развој на кариес и гингивитот (и прогредирање на гингивитот во пародонтална болест), потребно е оралната хигиена да биде на максимално ниво што подразбира редовно четкање на забите, чистење на просторот меѓу забите (со конец за заби или интердентални четкички), намален внес на леплива храна, храна богата со шеќер и секако, редовна контрола кај стоматолог.

🥼 За сите прашања и стручни консултации закажете го вашиот термин

Дали некогаш сте почувствувале непријатност и болка во забите при јадење сладолед или пак топла супа?  ❗️Иако болката на...
25/12/2024

Дали некогаш сте почувствувале непријатност и болка во забите при јадење сладолед или пак топла супа?

❗️Иако болката на топло и ладно е симптом на кариес на забот, истата може да биде и знак за хиперсензитивност на забите на одредени дразби (топло, ладно, слатко или пак кисело).

🦷Може да биде привремен но и хроничен проблем, може да биде зафатен еден заб, група на заби или пак целото забало.
Некои луѓе природно имаат чувствителни заби но, честа причина зa чувствителност е оштетување на заштитниот слој на забот кое настанува при грубо четкање на забите со тврда четка, стискање со забите (бруксизам), честа консумација на газирани пијалоци, слатки и лимонади .
Старите пломби, напукнат заб, и оштетените непца исто така можат да бидат причина за чувствителност.

🪥Како можете да ja превенирате/намалите сензитивноста за забите?
Користете мека четка и паста за сензитивни заби. Намалете ја консумацијата на слатки, газирани пијалоци и цитрични плодови.
Постојат и препарати кои се употребуваат исклучиво во ординација, препарати кои ја зајакнуваат заштитната бариера на забот и ја намалуваат сензитивноста.

📝 Доколку се соочувате со ваков проблем, закажете го Вашиот термин на:
☎️031/444-448
📞075/627-937

21/12/2024
📚 Со умните третоодделенци од ООУ "Кочо Рацин" вчера и денес разговаравме за тоа колку се важни оралното здравје и оралн...
20/12/2024

📚 Со умните третоодделенци од ООУ "Кочо Рацин" вчера и денес разговаравме за тоа колку се важни оралното здравје и оралната хигиена и како паметно да се храниме за да ги одржуваме забите здрави.
🪥 Вежбавме правилно четкање на заби и имаа можност одблиску да ги видат инструментите што ги користиме во ординација.

Благодарност до Ivana Tasevska на иницијативата, до училиштето на поканата и до Elmex кои го поддржаа овој настан со пастички за дечињата.

Првата посета на стоматолог треба да биде веднаш штом ќе излезе првото запче!Може звучи дека е многу рано но, таквата по...
19/12/2024

Првата посета на стоматолог треба да биде веднаш штом ќе излезе првото запче!
Може звучи дека е многу рано но, таквата посета има многу предности:
🦷 Следење на развојот на забите и вилиците на детето;
📋 Превенција и рана детекција на кариес;
🪥 Стекнување на добри навики. При овие прегледи на родителите им се посочува како се одржува орална хигиена кај мало дете и се даваат совети за исхарана;
🥼 Запознавање со целата средина, инструменти и машини што ќе допринесе во намалување на стресот подоцна.

❗️Овие рани посети и контроли се дел од основата на оралното здравје понатаму во животот.

Многу лесно можеме да се приврземе со некои предмети но четката за заби не треба да биде eдна од нив!🪥 Со текот на време...
18/12/2024

Многу лесно можеме да се приврземе со некои предмети но четката за заби не треба да биде eдна од нив!

🪥 Со текот на времето, влакненцата на четката се трошат и четкањето е помалку ефектвино што доведува до задршка на наслаги по забите и непцата. Освен тоа, при секое користење на самата четката се задржуваат остатоци од наслагите кои се одлично место за размножување на бактерии!

❗️Затоа, користете ја четката најмалку двапати на ден и по 3 месеци заменете ја со нова.

📝 Ви стоиме на располагање доколку имате потреба од помош при избор на соодветна четка.

Во Плимадент нудиме персонализирана и високо квалитетна стоматолошка нега за целото семејство. Од редовни контролни прег...
17/12/2024

Во Плимадент нудиме персонализирана и високо квалитетна стоматолошка нега за целото семејство. Од редовни контролни прегледи до комплетни естетски реставрации, нашиот тим е тука да ви помогне да имате здрава и блескава насмевка.

🪥 Рутински прегледи и чистење
💫 Избелување на заби и естетски решенија
🦷 Фиксна и мобилна протетика
👨‍👩‍👧‍👦 Детска и превентивна стоматологија

Го ставаме фокусот на едукација и комфор на пациентите, нудејќи пријатна средина каде вашето орално здравје е наш приоритет!

Address

Улица 1 бр. 14
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 12:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 12:00 - 20:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Плимадент / PZU Plimadent posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ПЗУ Плимадент / PZU Plimadent:

Share