29/05/2017
Насмевка може да биде најмоќната алатка која сите ние ја имаме на располагање ...
Но, каква науката стои зад нашата насмевка? Што значи насмевка, зошто го правиме тоа и како другите ја читаат нашата насмевка?
Верувале или не Чарлс Дарвин бил еден од првите кој пробал да ја испита нашата насмевка. Тој истакна дека се смеењето е навистина универзално како сите други физички активности, како што се јазикот на телото, или вербалната комуникација, кои се разликуваат од култура до култура. Ние сите ја разбираме насмевката и чувствата кои се изразуваат со неа.
Дарвин, исто така, направил разлика помеѓу насмевка и смеа (иако признава дека често се појавуваат во исто време). Тој верува дека смеата е поврзана со повеќе забава, а насмевката е поголем знак на среќа. И тоа е многу точно. Впрочем, многу од нас се смеат, бидејќи се среќни и ги пренесувата на емоциитее.
Пред долго време, научниците докажале дека емоциите се поврзани со промените кои се случуваат во телото, како покачена работа на срцето и контракции на мускулите на лицето ("лицева повратна хипотеза"). Нашиот мозок реагира на она што нашето тело прави и тоа влијае на нашите емоции. Ако сенасмевнеме, без разлика дали сме навистина среќни или не, нашиот мозок ќе ја интерпретира како среќа и нашето расположение ќе се промени.
Исто така многу фасцинантно е тоа што... кога сме намуртени потребное да се контрахираат 43 мускули, а само 17 за да се насмевниме. Затоа насмевнетесе, без разлика дали се чувствувате така или не.
Насмевката може да изгледа различно во зависност од тоа кои мускулите ги користиме на нашите усни, образите или очите. Тие можат да бидат топли и љубезни, симетрични и цинични, мизерни или искривени. Всушност, научниците откриле дека постојат 14 различни видови на насмевка.
Насмевка навистина може да направи да се чувствувате подобро, и да направи другите да одговорат позитивно на вас. Со насмевка ќе имате поголема шанса да успеете во она што го правите. Можете да ја користите насмевката за да покажете среќа и радост или пак таа да биде маска на негативни мисли.
ИСКРЕНАТА НАСМЕВКА е еден од најголемите дарови на човекот и во комбинација со УБАВИ И ЗДРАВИ ЗАБИ може да ви отвори многу врати и можности во животот !!!