30/05/2026
🔹 ОРТОДОНТСКИ РЕТРЕТМАН КАЈ КОМПЛЕКСЕН СЛУЧАЈ СО КЛАСА III МАЛОКЛУЗИЈА
Овој случај претставува ортодонтски ретретман кај пациент со претходно извршени екстракции на горните први премолари, скелетна Класа III (прогенија), латерогнатија со девијација на долната вилица кон лево и поместена долна средина.
Поради комплексноста на случајот и ограничувањата создадени од претходниот третман, беше применето современо скелетно упориште со имплантација на екстрарадикуларен мини-имплант поставен во Buccal Shelf регијата десно, што овозможи контролирана дистализација на целиот мандибуларен дентален лак према десно и корекција на долната средина.
Со прецизно биомеханичко планирање беа постигнати:
✔️Корекција на денталните средини
✔️Подобрување на оклузалните односи во сите три рамнини на просторот
✔️ Корекција на асиметријата предизвикана од латерогнатијата со присуство на крепитации и сублуксациа на ТМ3 (виличен зглоб), со главна поплака за историја на главоболки, болка во регијата на ТМЗ.
✔️ Постигнување функционална и стабилна интеркуспидација со корекција на унилетарлнипт вкрстен загриз
✔️ Подобрување на естетиката на насмевката и забните лакови
Овој случај уште еднаш покажува дека и најкомплексните ортодонтски проблеми можат успешно да се решат со правилна дијагностика, искуство и примена на современи техники.
✨ Нашата ординација се етаблираше како референтен центар за комплексна ортодонција, каде што секојдневно се третираат случаи кои често се сметаат за едни од најголемите ортодонтски предизвици. Пациенти од цела Македонија и пошироко нè избираат поради прецизната дијагностика, напредните ортодонтски протоколи и предвидливите резултати што ги постигнуваме 🌟
👉 Комплексен случај. Прецизен план. Предвидлив резултат. ✨