Стоматолошка Ординација Маријана Дент - PZU Marijana Dent

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Стоматолошка Ординација Маријана Дент - PZU Marijana Dent

Стоматолошка Ординација Маријана Дент - PZU Marijana Dent Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Стоматолошка Ординација Маријана Дент - PZU Marijana Dent, Dentist & Dental Office, Улица Борка Талев Бр. 2, Bitola.

🎄 Среќен Божик! 🎄Од срце ви посакуваме празничните денови да ви донесат насмевки полни со радост, топлина и среќа! Нека ...
07/01/2025

🎄 Среќен Божик! 🎄

Од срце ви посакуваме празничните денови да ви донесат насмевки полни со радост, топлина и среќа! Нека Божик ги исполни вашите животи со здравје, љубов и убави моменти со најблиските.

Ви благодариме што ни ја доверувате грижата за вашата насмевка. Остануваме тука за вас и во новата година!

Со најдобри желби,
ПЗУ Маријана Дент

01/01/2025

ПЗУ Маријана Дент ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници 🎅🎄

ПЗУ Маријана Дент Ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници 🎅🎄🎇
01/01/2023

ПЗУ Маријана Дент Ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници 🎅🎄🎇

Среќни Велигденски празници Ви посакува тимот на ПЗУ Маријана Дент❗
02/05/2021

Среќни Велигденски празници Ви посакува тимот на ПЗУ Маријана Дент❗

Среќни празници Ви посакува тимот на ПЗУ Маријана Дент🎄
01/01/2021

Среќни празници Ви посакува тимот на ПЗУ Маријана Дент🎄

12/05/2020

Почитувани пациенти

Ве известуваме дека нашата ординација започнува со работа од утре, среда 13.05.2020 година.

Нашата грижа за Вашата безбедност и понатаму останува иста. Би сакале да Ве информираме дека ги
спроведуваме сите процедури за контрола на инфекција, ги почитуваме сите протоколи за дезинфекција кои истовремено ве заштитуваат и Вас пациентите ,како и нашиот персонал.

Во следниов период ќе има промена во протоколите за однесување на пациентите во нашата ординација,еве на што треба да обрнете внимание откако ќе добиете термин и ќе пристигнете :

*Задолжително носете маска или останата заштитна опрема за уста и нос!

*Во чекалната е дозволено да е присутен само еден пациент или максимум двајца
доколку вториот е родител на дете под 14 год или помошник наизнемоштено или слепо лице.

*При влезот во ординацијата ќе добиете упатства како да извршите дезинфекција на вашите раце и обувки

✔️Следниве денови најпрво ќе бидат исконтактирани сите пациенти кои изминатиов период имаа потреба од итна стоматолошка интервенција.

Ја цениме Вашата доверба, лојалност и Ви благодариме за трпението што го покажавте во овој период.

Со почит,
тимот на ПЗУ Маријана дент

30/03/2020

Почитувани пациенти

Согласно задолжението од Министерство за здравство , а со цел заштита на населението и спречување на ширењето на вирусот “COVID-19”, Ве известуваме дека од денес 30.03.2020 привремено нема да работиме.

Доколку имате потреба од ИТНА СТОМАТОЛОШКА УСЛУГА, потребно е ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јавите на еден од нашите мобилни телефони д-р Маријана 070312669 или д-р Илина 071313390 за подетална консултација.

Листа на итни стоматолошки услуги:
✔️Силна постојана забоболка ( која сама по себе, или со лекови против болка не поминува)
✔️Акутна инфекција ( оток, тешко отворање на уста, зголемена телесна температура)
✔️Поголеми крварења ( кои не сопираат подолг временски период)
✔️Повреди во подрачје на заби(фрактури) како и други повреди на горна и долна вилица и во оралната празнина

На нашите мобилни телефони ќе бидеме достапни секојдневно во текот на работното време.

Ви благодариме на разбирањето
Тимот на ПЗУ Маријана дент

15/03/2020

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани пациенти
Поради моменталната ситуација со вирусот COVID-19 (Корона вирус), по препорака на Стоматолошката комора, во интерес на Вашето здравје,
ПЗУ Маријана дент, Ве известува дека:

Почнувајќи од 16.03.2020 ќе се примаат САМО пациенти со АКУТНА БОЛКА,
со претходно закажан термин.

Пациенти со симптоми на настинка, зголемена телесна температура, забрзано и скратено дишење, и пациенти кои во изминатиот период биле во контакт со лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните земји, ДА НЕ ДОАЃААТ во ординцијата без претходна консултација на телефонските броеви 071313390 д-р Илина и 070312669 д-р Маријана.

Пациентите кај кои терапијата е во тек да се обратат на телефонските броеви за понатамошни информации во врска со нивното лекување.

Ве молиме да не носите придружба со цел да се намали фреквенцијата на пациенти потенцијални преносители на вирусот.

При влез во ординацијата ве молиме користете го антисептик гелот што стои на располагање во чекална, и чекајте да бидете повикани во ординацијата.

Ви благодариме на разбирањето, со почит тимот на ПЗУ Маријана дент.

Чувајте се и следете ги препораките на Министерството за здравство!

Среќни празници од тимот на ПЗУ Маријана Дент
01/01/2020

Среќни празници од тимот на ПЗУ Маријана Дент

Среќни Велигденски празници Ви посакува тимот на ПЗУ Маријана Дент!За многу години! 🐰
28/04/2019

Среќни Велигденски празници Ви посакува тимот на ПЗУ Маријана Дент!

За многу години! 🐰

Започнете ја оваа недела поинаку! Јавете се и закажете го вашиот бесплатен преглед!
19/02/2018

Започнете ја оваа недела поинаку! Јавете се и закажете го вашиот бесплатен преглед!

Естетска корекција на формата на горниот лев латерален инцизив ( двојка )  и горниот лев канин (тројка ) со нанокомпозит...
17/02/2018

Естетска корекција на формата на горниот лев латерален инцизив ( двојка ) и горниот лев канин (тројка ) со нанокомпозитна пломба, без оштетување на забната супстанца. Дијастемата ( просторот) помеѓу забите е оставен заради имитација на ист таков простор на десната страна од забалото.

Address

Улица Борка Талев Бр. 2
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 12:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 12:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 12:00 - 20:00

Telephone

+38971313390

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Стоматолошка Ординација Маријана Дент - PZU Marijana Dent posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share