Stomatoloska Ordinacija Dr-Bejkovski

Stomatoloska Ordinacija Dr-Bejkovski Стоматолошка ординација со заботехничка лабораторија.

ПочитуваниВи посакуваме среќни Велигденски празници, исполнети со мир, здравје и радост. Нека празничните денови Ви доне...
10/04/2026

Почитувани
Ви посакуваме среќни Велигденски празници, исполнети со мир, здравје и радост. Нека празничните денови Ви донесат многу насмевки и убави моменти со Вашите најблиски.
Ви благодариме на довербата и Ви испраќаме срдечни поздрави🙂
Вашиот стоматолошки тим.

31/12/2025

На крајот од изминатава година сакаме да се заблагодариме на сите наши соработници, најмногу на нашите пациенти, за довербата што ни ја даваат.После повеќе посети, часови работа, запознанства, муабетење, особено со пациентите од странство, со кои кој знае дали некогаш повторно ќе се видиме, сакам да направам по една заедничка слика за спомен.Па така правејки селфи со чичко Нури(ресенчанец, кој сега живее во Америка, човек со богато животно искуство) не можеше да се воздржи а да не кажи ништо, па така настана ова многу драго видео кое сега го издвојуваме.Сите ни сте драги, ве поздравуваме каде и да сте!

Почитувани,  Нека Новата 2026-та Година Ви донесе многу здравје, љубов, благосостојба... посакуваме да има мир во светот...
31/12/2025

Почитувани,
Нека Новата 2026-та Година Ви донесе многу здравје, љубов, благосостојба... посакуваме да има мир во светот, мир во душите и многу радост и смеа, а за да вашите насмевки бидат уште поблескави, ние ветуваме дека ќе продолжиме да го даваме својот максимум и понатаму, а веќе поискусни за една година повеќе.Бидете среќни и не заборавајте да ги миете забите🙂

Почитувани, добар ден.Разубавете  ја својата насмевка, разубавете  го вашиот живот! Побарајте не, ние постоиме за вас. Т...
17/08/2025

Почитувани, добар ден.
Разубавете ја својата насмевка, разубавете го вашиот живот!
Побарајте не, ние постоиме за вас. Тука сме да го дадеме својот максимум, за вашето здравје и убавина. Побарајте не, ќе бидете посреќни!
Ние, тимот на Д-р Бејковски, ве очекуваме, а за денес ви посакуваме пријатен ден и повеќе насмевки🙂

Добар ден, почитувани! Подолго време не сме споделувале наши случаи, еве еден од последните и ветуваме дека ќе продолжим...
09/02/2025

Добар ден, почитувани!

Подолго време не сме споделувале наши случаи, еве еден од последните и ветуваме дека ќе продолжиме да го правиме тоа во иднина почесто🙂
Ова е еден протетски случај, каде што е корегирана намалената вертикална димензија на меѓувиличните односи, преку надоградување на абразираните делови од горните заби со поединечни коронки од цирконија, а со тоа се затворени тремите и дијастемата помеѓу забите.Се разбира со тоа е подобрена и естетиката , а сигурен доказ за тоа е задоволството на пациентката кое е лесно забележливо по нејзината насмевка, која не ја симна од лицето додека беше присутна кај нас, а со неа и ја испративме🙂
Последниве години ваквите случаи ги изработуваме потполно дигитално, почнувајќи од земањето дигитален отпечаток од самите заби и вилиците со помош на интраорален скенер, избегнувајќи ги непријатните класични отпечатоци со лажици, а потоа дигитален дизајн и изработка на самите надоместоци користејќи најсовремена cad-cam технологија.
Секојдневно ја подигнуваме нашата грижа за вашето орално здравје на највисоко ниво, следејќи ги светските трендови во стоматологијата, ви овозможуваме високо-технолошки изработки, тука до вас.Одењето на стоматолог денес е побезболно, посигурно, поинтересно, а самите изработки попрецизни, поестетски, со подобра прогноза.Грижете се за вашите заби и посетувајте редовно стоматолог.
Ви благодариме на довербата на сите вас со кои се знаеме и на оние со кои ќе се запознаваме во иднина, добредојдени сте🙂
Пријатен ден!

Тимот на "Д-р Бејковски" ви посакува Среќна Нова 2025-та Година!Многу здравје, радост, љубов, бериќет...нека биде година...
31/12/2024

Тимот на "Д-р Бејковски" ви посакува Среќна Нова 2025-та Година!
Многу здравје, радост, љубов, бериќет...нека биде година исполнета со многу топли, искрени, вистински, убави, среќни насмевки🙂

Драги пријатели, добар ден.Ендодонтски ретретман на втор горен лев инцизив, без хируршка интервенција(апикотомија) и заз...
08/05/2021

Драги пријатели, добар ден.

Ендодонтски ретретман на втор горен лев инцизив, без хируршка интервенција(апикотомија) и заздравување на процесот по извесен период, верификувано на ртг.
Пријатен викенд🙂

Стигни до врвот, без разлика колку препреки и кривини има по патот!
28/03/2021

Стигни до врвот, без разлика колку препреки и кривини има по патот!

Почитувани, Со следниов случај ви прикажуваме како, на минимално инвазивен начин, со нано-композитни материјали, сме се ...
21/01/2021

Почитувани,
Со следниов случај ви прикажуваме како, на минимално инвазивен начин, со нано-композитни материјали, сме се справиле со многубројните кариозни лезии на забите. Она другото што може да се забележи од сликите е промената на состојбата на гингивата, црвена и воспалена на почетната и розевата боја на гингивата која блеска од здравје по процедурите извршени од наша страна и се разбира целиот успех е и благодарение на нашата пациентка, која безпрекорно се придржува кон препораките. Продолжуваме понатаму...
Доколку и вие сакате насмевки кои блескаат од здравје и убавина посете не, ние постоиме за вас.
Ве благодариме на довербата и ве поздравуваме🙂

Почитувани, Денешниов случај е кај девојче на 11 години, се работи за долен лев шести заб, претходно пломбиран со лоша к...
23/12/2020

Почитувани,
Денешниов случај е кај девојче на 11 години, се работи за долен лев шести заб, претходно пломбиран со лоша композитна оптурација и секундарен кариес кој предизвикал воспаление на пулпата(живецот), па мораше да се лекува ендодонтски. Иако тоа не беше лесно, борејки се со тешкотијата од самата интервенција и со карактерот на девојчето, сепак успеавме да го излекуваме забот на највисоко ниво и сега прогнозата на овај заб е одлична.
Ви благодариме на довербата.
Пријатен ден🙂

Добар ден, почитувани.Денес ви претставуваме еден случај на заб 36, претходно недоволно добро ендодонтски лекуван и со и...
13/12/2020

Добар ден, почитувани.
Денес ви претставуваме еден случај на заб 36, претходно недоволно добро ендодонтски лекуван и со изработена непрецизна коронка. Пациентката дојде кај нас пред 18 месеци по дополнително мислење, откако претходно неколку стиматолози и предлагале забот да се извади и да се направи мост врз преостанатите соседни заби. Пациентката беше со болка и сериозен оток од тој заб, Ние согледувајќи ја целокупната состојба решивме да му дадеме шанса на овај заб и пристапивме кон релекување. Денес 1,5 години покасно забот е во одлично здравје и функција.
Слики:
1. Предоперативна.
2.Интраоперативна(контролна рентгенографија, за враме на полнењето).
3.Контролна(18 месеци постоперативно).
4. Мостот на Црн Дрим кај Св. Наум.
Уште многу вода ќе протече под овај мост додека кај пациентката дојде до потреба да се направи мост или имплант на лекуваниов заб, а можеби никогаш.
Тимот на ПЗУ"Д-р Бејковски Ви благодари на довербата и Ви посакува пријатен ден🙂

Address

Bataljon Stiv Naumov 24
Bitol
7000

Opening Hours

Monday 13:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 13:00 - 20:00
Thursday 13:00 - 20:00
Friday 09:00 - 16:00
Saturday 10:00 - 14:00

Telephone

0038975791492

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Stomatoloska Ordinacija Dr-Bejkovski posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share