Психијатриска ординација Его-Медика

Call Contact the practice

Психијатриска ординација Его-Медика Вашето место за разговор, психолошка поддршка и соодветен психијатарски третман

06/08/2026
🌸 Растеме заедно! Нашиот тим е побогат за уште еден стручен и посветен психолог.
10/06/2026

🌸 Растеме заедно! Нашиот тим е побогат за уште еден стручен и посветен психолог.

Пред 15 години , започнавме како ординација со големи соништа и уште поголема посветеност на вашето ментално здравје .Де...
01/11/2024

Пред 15 години , започнавме како ординација со големи соништа и уште поголема посветеност на вашето ментално здравје .
Денеска благодарение на вашето поверение и безрезервна подршка од семејството, успеавме континуирано да работиме со зголемен број на пациенти со различна клиничка слика , наоѓајки време и за надградување на своето знаење и останавме достапни во секое време за нашите пациенти.
Нашата мисија отсекогаш била пружање најквалитетна здравствена услуга , да секој пациент добие персонализирана фармакотерапија - стручен совет и поддршка.
Голема благодарност и до мојата медицинска сестра Јулијана која со својата стручност и топлина допринесе да истраеме до денес и да одговориме на сите ваши потреби и наши обврски .

Ваша ПЗУ Его –Медика

12/06/2023

Известување

Приватна здравствена ординација Его-Медика ги известува пациентите, дека д-р Драгана Геориева Петковиќ од 16.06.2023 до 25.06.2023 ке користи годишен одмор.
Со почит
д-р Драгана Г. Петковиќ

18/02/2013

Вашето место за разговор, психолошка поддршка и соодветен психијатарски третман

16/10/2012

Како поставуваме дијагноза

Во основата на секое лекување стои поставувањето на точна и навремена дијагноза.
Истата се базира на опсежна евалуација, која вклучува психијатриска проценка и психолошко тестирање, што понатаму овозможува подготвување на тераписки план, според специфичните потреби и состојби на клиентот.
Се вклучуваат и додатни медицински прегледи, лабараториски анализи, како и консулт
ативни прегледи од лекари од други специјалности.
Водени од идејата дека пациентот е активен учесник во текот на целиот процес на лекување, се трудиме пациентот да биде запознаен со сите аспекти на своето заболување и неговото лекување, за природата на заболувањето, прогнозата, начините на лекување, очекуваните резултати од примената на содветните медикаменти, нивните ефекти и можните несакани дејства.

16/10/2012

Психијатриски прегледи за сите возрасни групи:

Реакции на тага и депресија
Состојба на страв и анксиозност
Панично растројство
Фобии - Опсесивни (принудни) мисли и ритуали
Нарушувања поврзани со стрес
ПТСР (пост-трауматско стресно растројство)
Растројства во прилагодувањето
Биполарно растројство
Хипохондриско нарушување
Психосоматски болести
Нарушувања во исхраната
Пореметувања на сонот
Различни форми на растројство на личноста и на односите
Психотични нарушувања
Партнерски, брачни и семејни проблеми

Психијатриски проблеми во детство и адолесценција:
Специфични развојни растројства во школските способности
Первазивни развојни растројства
Дефицит на внимание и хиперактивност (АДХД)
Растројство во однесувањето
Растројства во односите и емоциите карактеристични за детството и адолесценцијата
Тикови

Address

Titova Mitrovachka 6/3
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38931451423

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Психијатриска ординација Его-Медика posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Психијатриска ординација Его-Медика:

Shortcuts

Share