Poveke nasmevki

Poveke nasmevki Повеќе насмевки е иницијатива за кревање на свеста за важноста на усното здравје од најрана возраст.

Повеќе насмевки е иницијатива за кревање на свеста за усното здравје од најрана возраст. Во склоп на иницијативата повремено се одржуваат интерактивни работилници за деца на кои преку игри и вежби, учиме како да се грижиме за забите, создавајќи здрави навики.

За постигнување на целта, “општество со здрави заби и здравје во устата“, редовно ќе објавуваме едукативни текстови на нашата фејсбук стр

аница.
За сите ваши дилеми и прашања Ви стоиме на располагање во ординација Д-р Кртолица.

ОРГАНИЗАТОР НА ПРОЕКТОТ

Ана Кртолица – Георгиев е доктор по дентална медицина.
Студирала на Стоматолошкиот факултет во Љубљана, Словенија, каде што, по дипломирањето и се вработила. Мајка е на три деца. Почетниот импулс и ентузијазмот за покренување на овој проект ги црпи од: сопствената едукација во склад со европските стандарди во областа на стоматологијата; работното искуство; мајчинството, со сите предизвици што тоа со себе ги носи. Сопственик е на стоматолошката ординација Д-р Кртолица.

Целта на проектот "Повеќе насмевки" е – идни генерации со здрави заби. А, начинот за постигнување на целта – работа со децата уште од најрана возраст за создавање навики за усна хигиена и нега на забите.

Колку често треба да се прави стоматолошки преглед кога Вашето дете носи фиксни протези? Ортодонтската месечна контрола ...
30/11/2023

Колку често треба да се прави стоматолошки преглед кога Вашето дете носи фиксни протези? Ортодонтската месечна контрола не подразбира стоматолошки преглед за состојбата на забите и непцата.

Зошто e потребно некогаш да се направи рентгенска снимка кај децата?Вашиот стоматолог уште на првиот преглед може да го ...
13/10/2022

Зошто e потребно некогаш да се направи рентгенска снимка кај децата?

Вашиот стоматолог уште на првиот преглед може да го упати Вашето дете на рентген снимање на забите.
Тоа е сосема правилно и потребно, за да може да се постави точна дијагноза и план на терапија за одреден проблем.
На рентгенската слика може да се види точниот број на заби и нивната положба.
Некои деца имаат вроден недостаток на еден или неколку трајни заби и треба навремено да се менаџира просторот во забната низа. Кај други пак, може да има прекуброен заб во вилицата, кој би требло да се отстрани за да не го чува просторот. Се случува некој заб да остане заробен во коската и неговото отсуство во пубертет да ја смени забната низа, како естетски така и функционално.

За консуллтација и преглед, 02 2461887.
Забите ќе бидат благодарни :)

Најчеста повреда во лицевата регија кај децата е трауматска повреда на млечен или траен заб. 8% од 5 годишните деца имаа...
07/10/2022

Најчеста повреда во лицевата регија кај децата е трауматска повреда на млечен или траен заб. 8% од 5 годишните деца имаат искуство со дентална траума, а бидејки алвеоларната коска е поеластична - најчесто има разнишување, втиснување или истиснување како и избивање на млечни заби, а ретко кршење на коронката или коренот.
Со трајните заби, компликациите и пристапот на лекување се поинакви.
Трауматското избивање на траен заб, најчесто е на преден заб во горната вилица, со незавршен раст и недооформен корен.
Се препорачува пациентите да дојдат во стоматолошка ординација веднаш по повредата. Доколку го донесат забот, тој треба да се обработи и повторно да се врати во коската (да се реимплантира). Успехот најмногу зависи од времето поминато од повредата до реимплантацијата, од оштетеноста на коската и околното ткиво, но и од начинот на чување и носење на избиениот заб. Најдобро е да се зачува во млеко или во устата на детето, под јазикот.
Најлош начин на транспорт е во суво марамче или вода. Не смее да се допира коренот, бидејќи така се уништуваат влакненцата кои го поврзуваат забот со коската, ниту механички да се чисти.
Реимплантираните заби се имобилизираат 2 недели и треба редовно да се следат клинички и радиографски.
Доколку забот е изгубен, мора да се консултира ортодонт, за да се одржува просторот со мобилна протеза со заб, а после завршувањето на растот на вилицата да се надокнади со имплант.

Консултација и преглед, 02 2461 887.
Забите ќе бидат благодарни :)

Флуорот е минерал кој природно се наоѓа во водата и во многу видови на храна (риби, месо, овошје и повеќето зеленчуци ко...
28/09/2022

Флуорот е минерал кој природно се наоѓа во водата и во многу видови на храна (риби, месо, овошје и повеќето зеленчуци кои растат под земја). За време на развојот на забите, се вградува во глеѓта на забите и ја прави поотпорна на оштетување. Секојдневно минералите(флуор и калциум) се измиваат од емајлот, но и повторно се интегрираат за време на процесот на реминерализација. Деминерализацијата е најинтензивна под влијание на кисела храна и шеќери - тогаш настанува кариесот.
Флуоридите го спречуваат расипувањето на забите со тоа што го забрзуваат таложењето на здрави минерали во глеѓта, дополнително забавувајќи ја појавата на дефекти. Истражувањата покажуваат дека флуоридите можат да го запрат расипувањето на забите кое веќе започнало на млечните заби.
Системски флуориди не се внесуваат, но доколку е потребно, исклучиво со стручен совет и надзор.
Повеќето пасти за заби содржат флуор.
Во стоматолошка ординација може дополнително да се заштитат забите со високо концентрирани флуориди, дури 10 пати помоќни од оние кои се наоѓаат во пастата за заби. Ова е безболна и краткотрајна процедура и се препорачува да се прави на 6 до 12 месеци.

За консултација и преглед, 02 2461 887.
Забите ќе бидат благодарни :)

Младите стални заби имаат изразен релјеф, односно нагласена и карактеристична морфологија. Назапчаниот секален раб на ин...
21/09/2022

Младите стални заби имаат изразен релјеф, односно нагласена и карактеристична морфологија. Назапчаниот секален раб на инцизивите се нарекува триконодонција. Во текот на животот тој секален раб се измазнува, еднакво се намалува и релјефната структура на забите бидејќи тие се изложени на надворешни влијанија и се во функција на говор и хранење речиси секогаш. Оваа специфика е голем естетcки предизвик за стоматологот кога мора да се соочи со фрактура токму на млад преден заб. За среќа постојат современи композитни материјали и методи на работа кои овозможуваат вешт терапевт да успее да направи речиси идентичен нов заб.

Сигурно сте слушнале за поимот дијастема или разделени заби? Тоа е просторот помеѓу забите, најчесто помеѓу горните пред...
12/09/2022

Сигурно сте слушнале за поимот дијастема или разделени заби?
Тоа е просторот помеѓу забите, најчесто помеѓу горните предни заби.
Зошто се појавува таа празнина помеѓу забите?
Постојат неколку причини кои влијаат на оваа појава. Често дијастемата на забите е наследена генетски, таа е поврзана со големината на забите и големината на коската на вилицата, односно забите се премали во однос на коската на вилицата.
Друг фактор што предизвикува раздвојување на забите е кога френулумот (ресичката што ја поврзува горната усна со вилицата) е поставен премногу ниско па ги раздвојува секачите.
Кај децата, може да се појави и ако детето го цица палецот или поради неправилен начин на голтање, кога јазикот се потпира на предните заби и ги избуткува напред со што прави простор.
Проблеми кои можат да се појават поради дијастема на забите: тешкотии при изговарање на некои букви, естетки проблеми, оштетување на меѓузабната папила дури некогаш и тешкотии при џвакање.
Постојат неколку начини да се затворат забните празнини: во раст и развој со ортодонтски апарати, покасно со пломби или ламинати, со кои би се поправиле и неправилностите во боја и големина на забите.
Пред се, потребно е да се направи детален преглед и индивидуален план на терапија кој што бара посебен пристап за да се постигне соодветен резултат.
За некои индивидуи, дијастемата е дел од нивната личност и тие инсистираат да ја задржат.

Дијастемите во млечната дентиција се физиолошки,нормални и пожелни бидејќи тој простор се искористува за правилно сместување на трајните. (кои се поголеми од млечните)

Преглед и консултација, 02 2461887.
Забите ќе бидат благодарни :)

19/08/2022

Млечните заби, кои се 20 на број, почнуваат да никнат уште на 6-месечна возраст. Нивната замена со трајни е од 7-мата година и трае околу 5 години.
Тие имаат многу важна улога во исхраната, за одгризување, дробење и мелење на храната; а важни се и за формирање на правилен говор, естетика како и правилниот психолошки развој на детето.
Но, еднакво важни се и за поттикнување и одржување на растот на вилиците и чување на простор за нивните заменици – трајните заби.
Доколку предвреме се екстрахираат, најчесто поради нелекуван кариес, просторот за кратко време би се затворил и не би имало место за никнување на сталниот заб, па истиот ќе никне искривен или на друго место во низата.
Сето тоа би барало дополнителни ортодонтски процедури за создавање на простор, со ортодонтско поместување на забите.

За консултација и преглед, 02 2461 887.
Забите ќе бидат благодарни 🙂

28/02/2022

Помогнете му на Вашето дете оралната хигена да му биде забавна со следниве трикови:

- Дозволете им на вашите најмили да ја одберат четката, нека биде со нивната омилена боја или карактер од цртаните.
- Нека одберат паста после 3та година кога ќе научат истата да ја исплукуваат. Нека биде паста со нивниот омилен вкус.
- Читајте книги и гледајте видеа, едукативни за орална хигена и колку истата е важна.
- Користете тајмер или пуштете ја нивната омилена песна за да бидете сигурни дека миењето траело минумум 2 минути.
- Наградете го вашето дете за квалитетната орална грижа.Организирајте забавна активност после нивната посета на стоматолог.

За консуллтација и преглед, 02 2461887.
Забите ќе бидат благодарни 😊

09/02/2022

Кога е вистинското време за прва посета на стоматолог?

Често родителите се во дилема кога треба своето дете да го однесат прв пат на стоматолог.
Идеално би било веднаш после вториот роденден да се направи првиот стоматолошки преглед. Тој преглед има за цел запознавање и дружба со докторот, едукација и превенција. Стоматологот може да ги преупреди родителите на што треба да обрнат внимание и да им даде совети за правилно одржување на хигената на забите кај мало дете.
Првиот преглед не сме да се случи по третата година од животот на детето, ниту пак кога ќе се појави првата забна болка.

За преглед и консултации, 02 2461 887 :)

Едно од често поставуваните прашања кои што ги добиваме од родителите е дали електричната четка за заби е подобра од ман...
04/02/2022

Едно од често поставуваните прашања кои што ги добиваме од родителите е дали електричната четка за заби е подобра од мануелната за нивните деца?

Со тоа, нормално е да сте размислувале кој вид на четка би им ги дала најдобрите резултати.

Одговорот е: двата типа на четки може да функционираат одлично во чување на здрави заби кај вашето дете и подалеку од плак и кариес - се додека тие се користат правилно. Важно е четката да е поставена под агол од 45* на непцата,да се користи четка со меки влакна и процесот да трае 3-5 мин.
Родителот треба да биде директно инволвиран во миењето на заби на неговото дете до неговата 6та година.

Доколку не сте сигурни кој тип на четка би била најсоодветна за вашите најмили консултирајте се со стоматолог.

Консултација и преглед може да закажете на 02 2461 887 🙂

Дали сте слушнале за превентивно залевање на фисури?! Тоа е процес кои се врши кај млади пациенти кај кои само што никна...
21/01/2022

Дали сте слушнале за превентивно залевање на фисури?!

Тоа е процес кои се врши кај млади пациенти кај кои само што никнале трајните бочни заби. Овие заби имаат линиски вдлабнувања, каде што е најпогодно создавањето на забен кариес.
Процедурата е едноставна, а процесот на залевање е комплетно безболен.

Улогата на залевачите е да го заштитат забот со тоа што ќе ги исполнуваат вдлабнувањата во вид на фисури и ќе формираат мазна површина која е лесна за четкање и чистење.
Трајноста на залевачите обично е неколку години. Посетата на стоматолог и контрола е задолжителна на секој 6 месеци.
Подобро е да се спречи, отколку да се лечи 😊

Address

ПЗУ„ д-р Кртолица", Њуделхиска 13А
Скопје
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 18:00
Tuesday 09:00 - 18:00
Wednesday 09:00 - 18:00
Thursday 09:00 - 18:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Poveke nasmevki posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Poveke nasmevki:

Share